Connect with us

Фудбал

Во било кој друг спорт ќе бевме победници, Гвардиола фрустриран по испаѓањето од ЛШ

Фудбалерите на Манчестер Сити се простија од титулата европски првак со поразот на пенали од Реал Мадрид на својот стадион со резултат 4:3.
По фантастичната прва средба во Мадрид која заврши 3:3, Сити и Реал одиграа 1:1 во Манчестер, а по мирните продолженија се решија на пенали.

На крајот поуспешни беа Шпанците со промашените пенали на Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.

Џуд Белингем, Васкез, Начо и Ридигер погодија при „лотаријата“ на пенали за Реал, а на спротивната страна погодија Алварез, Фоден и Едерсон.

Модриќ промаши за Реал, а Силва и Ковачиќ за Сити. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше елиминацијата од Лигата на шампионите.

– Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме – изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Играчот од средниот ред Родри на сличен начин ги опиша настаните на теренот.

– Искрено, играше само еден тим – изјави Родри.

Родриго ги доведе гостите во предност во 12. минута, а израмни Кевин де Брујн во 76.

Во текот на 120 минути игра, Манчестер Сити имаше неверојатна доминација во се, од посед до бројот на удари кон голот, но на крајот Мадрид победи.

Во полуфиналето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе игра против стариот ривал Баерн Минхен, кој елиминира уште еден англиски претставник, Арсенал.