Connect with us

Фудбал

Во Европа се гради стадион кој ги поместува сите граници: Великаните ќе играат во „вселенски брод“

Во Европа и во светот има се повеќе модерни фудбалски стадиони.

Времето го зема својот данок и клубовите бараат да ги направат своите домови сè помодерни, особено големите имиња. Така, два гиганти и два иконски клуба наскоро ќе го сменат својот дом.

Стадионот „Сан Сиро“ во Милано треба да биде целосно урнат до 2030 година, а Милан и Интер своите домашни натпревари би ги играле на нов стадион со капацитет од околу 70.000 гледачи.

Новиот стадион би требало да чини околу 1,2 милијарди евра, а ќе биде најмодерниот европски стадион, пишуваат медиумите во Италија. Планот и моделот на стадионот веќе се објавени.

Стадионот ќе има огромен паркинг, планот е да се изгради трговски центар под трибините како и фан шопови на двата милански клуба.

Трибините ќе бидат на два ката, а во зависност од тоа кој клуб е домаќин, надворешноста на стадионот би ги менувала боите во сино-црна или црвено-црна.

Миланските клубови дефинитивно треба да се преселат во новиот дом до крајот на 2027 година или најдоцна до почетокот на 2028 година. Првата фаза од изградбата се планира да заврши во 2026 година, поточно на почетокот на 2026 година пред Зимските олимписки игри.

Навивачите се поделени во ваквото мислење бидејќи Сан Сиро е дел од долга историја, а неговото рушење секако ќе биде болен удар за навивачите на миланскиот гигант.

Сепак, новото време, дури и модерната ера, носи нови идеи, па Милан и Интер мора да го следат тој чекор.

Интересно е што се уште не се знае како ќе се вика новиот стадион. Некои идеи се веќе на маса, но тоа ќе се знае дури откако ќе заврши првата фаза од изградбата на ова неверојатно фудбалско издание.

Во Милано имаат идеја новиот стадион веднаш да биде кандидат за финалето на Лигата на шампионите, а во иднина Италија планира да аплицира за организација на Европско или Светско првенство во фудбал.