Фудбал
Во Италија со Елмас се тимски другари, а утре вечер еден против друг, како македонската одбрана ќе се справи со најдобриот стрелец на Наполи
Македонската фудбалска репрезентација утре вечер со почеток во 18:00 часот и гостува на селекцијата на Грузија во рамките од Лигата на нации. Првиот меч во Скопје заврши со неочекувано убедлив триумф на Грузијците со 0:3. Секако дека ова ќе биде можност за реванш, иако селекторот Милевски има проблеми околу составот, односно ќе ги нема Адеми, Ристовски, Костадинов, Етеми…
Она што е интересно е тоа што утре вечер Елиф Елмас ќе ги вкрсти копјата со неговиот тимски колега од Наполи Хвича Кварацхелија. Тој пред почетокот на оваа сезона дојде во Неапол од грузискиот тим Динамо Батуми. Има 21 година, а на пет меча за Наполи постигна четири голови и една асистенција, со што се покажа како вистинско освежување за тимот на Спалети, а воедно е и најдобар стрелец на екипата во моментов.