Connect with us

Фудбал

Во јануари Роналдо, на лето Меси, дали конечно ќе се спои „пеколниот“ тандем?!

Приказната за спојување на Меси и Роналдо во еден тим одамна се води, но таа приказна беше на ниво на научна фантастика. Сепак, како одминува времето, тоа и не е така невозможно. Имено, повторно се појавија информации дека Интер Мајами, чиј сопственик е легендарниот Дејвид Бекам, во јануари би можел да го донесе Кристијано Роналдо. Португалецот е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а поблиску до ова секако е по даденото контроверзно интервју.

Уште од поодамна се пишува дека Бекам би сакал во тимот и да го види Лионел Меси, чиј договор со ПСЖ истекува на лето.

Е, англиските медиуми сега пишуваат за „пеколен план“ на Бекам и Интер Мајами. Во јануари најверојатно Манчестер Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо, па тој би заминал во МЛС лигата. На лето, Меси исто така ќе стане слободен играч, па наводно и тој ќе замине по патот на Роналдо. Англиските медуми тврдат дека Меси и Роналдо во тандем не е невозможна мисија и тоа би можело да се случи во Интер Мајами.