Connect with us

Други спортови

Во мечот полн со пресврти, Ѓоковиќ му се изнавика на Иванишевиќ (ВИДЕО)

На Новак Ѓоковиќ не му беше лесно во 3. коло на УС Опен, бидејќи Ласло Џере одигра неверојатен тенис кој можеше да му донесе сензација.

Оттука, не е чудно што Ѓоковиќ во одредени моменти од мечот покажа нервоза, како што беше случајот на стартот од четвртиот сет, кога му се развика на Горан Иванишевиќ.

– Така кажи, бреееее – викна Новак по една двојна грешка, за подоцна да го загуби тој гем.

На крајот од 0:2 дојде до 3:2 и се пласираше во осминафиналето каде го чека Хрватот Борна Гојо.