Connect with us

Фудбал

Во најава втор најголем трансфер во историјата на фудбалот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез подготвува понуда од 200 милиони евра за фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, објавија шпанските медиуми.

Доколку се оствари овој трансфер би бил втор најголем во историјата на фудбалот. Рекордот е 222 милиони евра платени од страна на ПСЖ за бразилската ѕвезда Нејмар.

Реал сака со ангажман на Кејн да добие на подолг рок фудбалер кој ќе може соодветно да одговори на повеќе позиции во нападот.

Останува да се почека некој од следните преодни рокови и да се види дали премиерлигашот ќе се согласи да го продаде својот напаѓач кој оваа сезона ја започна одлично. Тој постигна шест гола на седум средби е меѓу најзаслужните за високиот пласман (3.место) на табелата веднаш зад водечкиот тандем од Манчестер.