Фудбал
Водеа со 5-0, а играчот на Ливерпул извика: „Продолжи вака, биди безмилосен“ (ВИДЕО)
Ливерпул вчера го понижи Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со победа од 5-0.
Љубителите на фудбалот можеа да уживаат во најголемото англиско дерби, но сигурно никој не можеше да очекува дека Манчестер Јунајтед ќе доживее ваков срам пред своите навивачи.
„Црвените“ им одржаа вистинска лекција на домаќините и на крајот славеа со 5:0 на крилата на големиот Мохамед Салах.
Египќанецот вчера постигна хет-трик на Олд Трафорд и стана првиот играч по легендарниот Роналдо кој постигнал три гола за гостински тим на Театарот на соништата.
Салах го постигна својот трет гол за 5.0 во 50. минута, а за време на прославата на голот во центарот на вниманието беше Енди Робертсон, кој побара од своите соиграчи да продолжат со истото темпо.
„Продолжи вака, биди безмилосен, одиме!“, им рече Робертсон на соиграчите.
5-0 up…
“Keep going, be ruthless, come on!”
Love Robbo’s mentality. pic.twitter.com/yQxKwdOGif
— Kloppholic (@Kloppholic) October 24, 2021
Сепак, Јунајтед успеа да ја сочува својата мрежа до крајот на натпреварот, но сепак ова е еден од најтешките порази за црвените ѓаволи, и тоа од најголемиот ривал.