Connect with us

Кошарка

Војдан Стојановски уште една година во Гравелин Данкерк

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски ја продолжи соработката со неговиот досегашен клуб Гравелин Данкерк за уште една година. Информацијата ја потврди самиот француски клуб на својата интернет страница и социјалните мрежи.

Војдан во оваа полусезона дојде во клубот од По Ортез и како што се чини, задоволен е од соработката и ќе остане уште една година.