Connect with us

Други спортови

Возачите на „Ред Бул“ недостижни на втората тренинг сесија во Монако

Даниел Рикардо и Макс Верстапен го зголемија темпото и останаа недостижни на втората слободна тренинг сесија пред Големата награда на Монако.

Двајцата „пилоти“ на Ред Бул неколку пати го подобрија рекордното време, откако Австралиецот на крајот заврши со време 1:11.841. Зад нив половина секунда беше Фетел, кој успеа да заврши пред Хамилтон.

Кими Раиконен и Валтери Ботас се рангираа петти и шести, соодветно.

Топ 10 ги пополнија останатите возила што ги снабдува Рено – двата пилоти на Мекларен завршија на 8 и 9 место и се најдоа меѓу фабричките болиди на францускиот тим.

Алонсо немаше проблеми наутро и во голема мера го подобри своето темпо, но неговиот тимски колега, Вандорн беше побрз од него – нешто што ретко се случуваше досега.