Connect with us

Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Марсело предизвика хорор повреда

Бразилскиот фудбалер Марсело се врати во татковината, во Флуминенсе, а на натпреварот од Копа Либертадорес беше во центарот на вниманието.

Во 58. минута Марсело и Санчез заедно тргнаа кон топката, а Бразилецот во обид да до издрибла со целата сила го нагази противникот директно на испружената нога.

По тешката несреќа, легендарниот Бразилец објави статус на Инстаграм каде го следат повеќе од 64 милиони луѓе.

„Денес го доживеав најтешкиот момент на теренот. Ненамерно повредив колега фудбалер. Лусијано Санчез ти посакувам сѐ најдобро, брзо закрепнување и сета сила на светот“.