Connect with us

Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Младо момче прегазено во немирите по мечот Франција-Мароко

Франција го победи Мароко со 2-0 и се пласираше во финалето на Светското првенство во Катар, а фудбалскиот натпревар предизвика уште еден масовен бунт во Франција и Белгија. На видеата се гледа како навивачите на Мароко фрлаат огнени бомби кон полицијата, се палат автомобили, а во некои градови ситуацијата излезе од контрола. Над 10.000 полицајци беа мобилизирани низ целата земја за одржување на редот.


Се појавија шокантни видео снимки на кои се гледа како тинејџер е прегазен на улиците на Монпеље. Момчето (14) било дел од голема група марокански поддржувачи кои се движеле по улицата Мусон во јужниот француски град кога наишле на бел автомобил со француско знаме кое се вее низ прозорецот.

Групата се нафрлила на возилото, обидувајќи се да го одземе знамето од сопственикот и да ја отвори возачката врата. Возачот го испаничил и направил брз пресврт за да премине во коловозната лента што доаѓала и брзо да избега.