Connect with us

Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нова трагедија во Бразил-Навивач изгоре во напад на хулигани, неколкумина се повредени

Еден навивач изгоре во пламен, а уште неколку се повредени во новата голема трагедија која го погоди бразилскиот фудбал, јавуваат локалните медиуми.

Имено, до несреќата дошло кога навивачите на Крузеиро се враќале дома по мечот со Атлетико Паранаенсе кој се играл во Куритиба. Навивачите на Крузеиро или членовите на нивната ултрас група Мафија Азул беа нападнати од навивачи на Палмеирас, поточно нивната ултрас група Манча Верде. Напаѓачите пуштиле огномет и фрлале бомби од домашно производство кон автобусот, а улицата била преполна со клинци кои ги дупнале гумите на автобусот.

Ова доведе до пожар, а на снимката се гледа детал од напаѓачите како се приближуваат до повредениот навивач на Крузеиро. Еден навивач наводно починал, поточно изгорел, додека неколкумина се повредени од удар со метални палки кога успеале да побегнат од запалениот автобус. Да потсетиме, пред две години заврши големата пресметка меѓу две групи со четири загинати и десет повредени.