Connect with us

Други спортови

Вознијацки победи на турнирот во Пекинг

Данската тенисерка Каролина Вознијацки победи на турнирот во Пекинг.

Taa во финалето ја совлада Анастасија Севастова од Латвија во два сета со 6:3, 6:3.

Натпреварот траеше околу 90 минути, а искусната данска тенисерка не дозволи да биде изненадена.

За Вознијацки ова е трета титула оваа година, а вкупно 30-та во кариерата.