Connect with us

Фудбал

„Враќање на отпишаниот“ – По три години пензија и полни 37 години потпиша за шпански тим, дебитира против Енис Барди

Расинг Мурсија, клуб кој игра во третата шпанска лига одлучи да се засили со атрактивно име, па е ангажиран Џолеон Лескот. По три години пензија тој одлучи да му се врати на фудбалот и да потпише за Мурсија. Според информациите од шпанскиот тим Лескот ќе игра на мечот против Леванте и Енис Барди од Купот на Шпанија кој е на програмата на 16-ти декември.

Последен тим на Лескот му беше Сандерленд, а претходно играше за Астон Вила, Манчестер Сити, АЕК Атина, Евертон, ВБА и Вулверхемптон.

Инаку, Реал Мурсија не планира да застане со ангажирање на атрактивни имиња кои се пензионирале. Наводно следен на нивната листа е Самуел Ето.