Connect with us

Други спортови

Вратата на Ферари е отворена за Шумахер

Синот на легендарниот возач на Ферари Михаел Шумахер, 19-годишниот Мик, е се поблиску до Формула 1.

Мик наскоро би можел да го наследи својот татко во Формула 1, затоа што со своите настапи во Формула 3, го привлече вниманието тимовите од Ф1.

Шефот на Ферари Маурицио Аривабене истакна дека вратата на Ферари е отворена за Шумахер.

„Неговите резултати во последно време се навистина добри и му посакувам голема кариера. Но, да го оставиме да се забавува. Тој секогаш вели: ’Младите возачи треба да бидат фокусирани, но истовремено и да се забавуваат и полека да пораснат’. Ќе видиме во иднина, но како можеме да кажеме не н вакво име?“, се запраша шефот на Ферари, па додаде:

„Искрено мислам дека разликата помеѓу Формула 3 и Формула 1 е голема. Веројатно е подобро да оди во Формула 2, па со тестови во Ф1. Има многу добри начини да се подготви за Формула 1.“, додаде Аривабене.