Connect with us

Фудбал

Вредноста на Милан се зголеми значително последните месеци, ново рефинансирање во клубот во 2018 година

Сопственикот на Милан, ЈонгХонг Ли се обидува да продаде 25% од акциите во Милан.

Елиот корпорацијата му позајми на сопственикот на Милан 180 милиони евра за финализирање на купувањето на клубот. Кинескиот претприемач мора да го плати долгот до октомври 2018 година. Не случајно ЈонгХонг Ли, се обидува да продаде 25% од клубот за 200 милиони евра, истиот износ кој треба да ја врати на Елиот корпорацијата.

Фактот дека Јонгхонг Ли сака да продаде четвртина од акциите на клубот за околу 800 милиони евра, значи дека вредноста на клубот е зголемена во текот на последните неколку месеци, бидејќи кинескиот претприемач го купи Милан за 520 милиони евра плус 220 милиони евра долгови.

Од денес, нема вести за заинтересираните купувачи, но разговорите се во тек со Голдман Сакс и Мерил Линч за рефинансирање на клубот.