Connect with us

Фудбал

Втор обид да „избега“ од Интер, напаѓачот на медицински прегледи во Наполи

Откако пропадна трансферот, односно размената со Рома за Спинацола, Матео Политано се врати во Милано. Но, викендов не беше во комбинација за дуелот со Каљари (1:1). Тој по секоја цена сака да „избега“ од Интер, бидејќи сезонава кај Антонио Конте не добива шанса.

Желбата ќе му се исполни. Според угледниот весник „Газета дело Спорт“, Политано е на медицински прегледи во Наполи. Се очекува да ги помине и потоа да потпише четиригодишен договор, односно до 2024-та година. Италијанскио весник не прецизира други детали, само потенцира дека целата „операција“ Наполи ќе го чини 23,5 милиони евра.