Connect with us

Кошарка

Втор пораз на АВ Охрид, овој пат против Ловќен во Цетиње

Кошаркарите на АВ Охрид го претрпеа и вториот пораз во регионалната Втора АБА лига.

Охриѓани на гостувањето во Цетиње, кај црногорскиот тим Ловќен загуби со 94:72 по четвртини 24-17, 23-20, 24-17 и 23-18.

Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше американецот, Кенет Рос со 23, додека неговиот сонародник Реми Бери средбата ја заврши со 16 поени.

Покрај овој натпревра денеска ќе играат и: Вршац – Крка, Рогашка – Сплит, Приморска – Борац и Динамик – Теодо.

На првиот дуел од ова коло одигран вчера, Зрињски Мостар со 76-70 ја совлада екипата на Босна Ројал.

Во следното 3.коло, АВ Охрид ќе игра на домашен терен против екипата на Вршац во мечот кој е закажан за 25 октомври.