Connect with us

Фудбал

Втор пораз на младата фудбалска селекција до 19 години од БиХ

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години вторпат е поразена од соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Македонските надежи кои во вторникот загубија со 3:0, денеска се поразени од нивните босански врсници со 1:0.

Единствениот гол на мечот кој се одигра во Зеница, го постигна Никола Костанчиќ по соло акцијата, кога во 20.минута украде топка на 40-тина метри од гостинскиот гол, па со прецизен удар од далечина преку 20 метри го совлада нашиот голман.

Македонските надежи во вториот дел имаа можност за израмнување. Марио Наумовски во 60.минута изби сам пред домашниот голман, кој со брза рефлексна интервенција успеа да ја сочува својата мрежа.

До крајот на мечот немаше посериозни шанси за гол, па на крајот остана резултатот Босна и Херцеговина – Македонија 1:0.