Connect with us

Фудбал

За две недели, Ибра против Роналдо

Познати се датумите и термините за полуфиналните пресметки во Купот на Италија. Интер против Наполи и Елиф Елмас ќе се сретнат на „Џузепе Меаца“ на 12 февруари со почеток во 20:45 часот, а реваншот на „Сан Паоло“ е на 5-ти март во истиот термин,

Полуфиналето помеѓу Милан и Јувентус, или Златан Ибрахимовиќ против Кристијано Роналдо ќе се игра на „Сан Сиро“ на 13-ти февруари, а реваншот во Торино ќе се игра на 4-ти март. Терминот и за двете пресметки помеѓу Милан и Јувентус е 20:45 часот.