Connect with us

Фудбал

За Гинисова книга на рекорди: Клуб од Египет доби засилување кое има 75 години!

Пред неколку дена пишувавме дека Јапонецот Казијоши Муира, иако има 52-години, не планира да се откаже од активното играње фудбал. Неговиот тим, Јокохама му го продолжи договорот за уште една сезона, а тоа беше потврдено и на официјалната интернет страница.

Но, од Египет, доаѓа неверојатна приказна. Третолигаш, кој го носи името „6-ти октомври“ доби засилување кое има 75 години.

Ез Ел Дин Бахадер е нов фудбалер на тимот, а доколку настапи на официјален меч тоа ќе биде најстариот фудбалер кој заиграл професионален фудбал во историјата на овој спорт. Целата сторија ја објави Фудбалската асоцијација на Египет.

Најстариот активен фудбалер е Исак Хајик, Израелец кој настапува за клуб од својата земја со 73 години и 95 денови.