SPORTM.mk
Заборавете на копачката во лице: Фергусон го принуди Бекам на уште поголемо понижување во соблекувалната
И покрај тоа што е многу години во пензија, Дејвид Бекам сè уште ужива огромна слава и популарност.
Во неодамнешното интервју со Гери Невил, една од најпознатите личности во светот зборуваше за некои пикантерии во неговиот живот.
Бекам уште во играчките денови ги красеше насловите на светските медиуми и постојано беше во центарот на вниманието, особено во таблоидите.
Англичанецот за време на играчките денови често ги менуваше фризурите, а за најлоша ја прогласи популарната Мохавк што ја носеше пред повеќе од 20 години.
Токму поради Мохавкот Бекчам доживеа можеби поголемо понижување отколку кога Алекс Фергусон го удри со копачка во глава.
Кога виде каква фризура има, Фергусон го натера младиот Бекам да се потстрижи во соблекувалната пред очите на сите други играчи.
„Најлошата фризура? Носев капа на тренинг и некако ја криев, но кога дојде време за натпреварот морав да ја симнам капата. Фергусон ја виде фризурата и ми рече да ја избричам, морав да го послушам…“
Тоа беше во 2000 година кога Фергусон, во пресрет на натпреварот на Черити Шилд против Челзи на Вембли, му нареди на Бекам да се потстриже, што на крајот и го направи.
View this post on Instagram
Сега, кога е позрел и семеен човек, Бекам со години ја носи истата фризура и изгледа поконзервативно отколку што беше во играчките денови.