Connect with us

Фудбал

Заборавете на офсајд! ФИФА го усвои „правилото на Венгер“ и го менува фудбалот од корен

Светската управа на фудбалот (ФИФА) наскоро би можела да направи радикална промена во правилата за офсајд позицијата, по иницијативата на Арсен Венгер. Новото правило ќе го носи неговото име – правило на Венгер.

Познатиот менаџер на Арсенал е шеф на глобалниот фудбалски развој на ФИФА и долго време се залага за промена на правилото за офсајд. Французинот смета дека тоа е главниот проблем со ВАР технологијата и го предлага следново:

– Мојот предлог е играчот да не е во офсајд доколку некој дел од неговото тело со кој може да постигне гол е во линија со последниот играч од противничката одбрана, дури и ако остатокот од телото на напаѓачот е пред дефанзивецот. – изјави Венгер .

Во превод, Венгер сака да го воведе дијаметрално спротивното правило од сегашното, според кое ни милиметар од телото на напаѓачот не може да биде пред последниот одбранбен играч.

– Мора брзо да ја промениме ситуацијата. Има простор за промена на правилата. Не можеме да земеме во предвид дека дел од носот на играчот е во недозволена положба, па тој е во офсајд бидејќи може да постигне гол со нос – објаснува Арсен, чија идеја беше одобрена од ФИФА.

Според информациите, пред целосно усвојување, правилото на Венгер ќе биде тестирано во пракса. Прво на мечевите во Шведска, а потоа и во Холандија и Италија.