Поврзи се со нас

Фудбал

Заборавил да дојде на тренинг, заработил 28 илјади по минута и заспал на клупата на Реал Мадрид

Реал Мадрид е најголемиот клуб на светот и играњето во оваа екипа само по себе носи голем притисок под кој некои фудбалери потклекнуваат. Како сега, така и во минатото Реал правел промашувања во трансферите. Таков е случајот и со Жулиен Фоберт.

Фоберт за Реал играл во 2009-та година како позајмен од Фулам. На теренот поминал 54 минути, а според пресметките за ова заработил 28 илјади евра по минута. Останал запаметен по сцената кога беше „уловен“ дека спие на еден меч. Десет години подоцна се брани, изјавувајќи дека очите не му биле затворени.

-Бев лут дека нема повторно да играм. На оваа снимка тоа не можете да го видите, но моите очи беа отворени. Впечатокот е дека се затворени, но не е така. Понекогаш морате да измислите некои прикаски за да се зборува за нив, изјави Фоберт.

Тој вели дека сето тоа влијае на него и неговото семејство и порачува дека сите треба да знаат дека оваа снимка е лага.

-Само лежев и го гледав мечот, додаде овој 37-годишен поранешен играч.

loading...

Facebook