Connect with us

Фудбал

Загубите на Серија А од февруари до декември, 600 милиони евра

Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино ги процени финансиските загуби што ги претрпе лигата како резултат на пандемијата на коронавирусот.

– Продолжението на шампионатот беше голем успех. Сепак, ситуацијата е многу сериозна. Од февруари до декември, Серија А ќе изгуби 600 милиони евра, од кои 400 доаѓаат од билети, а други 200 од спонзори.

Во исто време, COVID може да биде шанса да го смениме нашиот деловен модел, дури и ако модернизацијата на бизнисот е тешка во таква ситуација. Дискусијата за приватните капитални фондови започна пред пандемијата и сега сме во последната фаза од преговорите. Целта е да ги искористат своите вештини за управување за долгорочна економска стабилност на Серија А, изјави Дал Пино.

Во слична состојба, со големи загуби се и другите четири лиги од најсилните пет европски првенства (шпанско, англиски, француско и германско). зс/