Фудбал
Замбија го напушти Светското првенство за жени со историски прв успех
Замбија го постигна историскиот прв успех откако ја совлада Костарика со 3-1 во судир на аутсајдери во групата Ц на Светското првенство за жени. Двете селекции уште пред овој меч беа свесни дека го напуштаат првенството, но дефинитивно после него Африканките ќе бидат посреќни. За нив погодија Лушомо Мвеемба (3′), Барбра Банда (31′-пенал) и Рејчел Кунданањи (90+3′), додека Мелиса Херера (48′) за Костарика .
Во претходните два меча Замбијците претрпеа тешки порази од фаворитите Јапонија и Шпанија, губејќи ги двата меча со 0:5. Сепак, тие го започнаа мечот жестоко и по само три минути, Лушомо Мвеемба постигна гол по извонреден волеј од корнер, прв гол на Замбија на Светското финале. Африканките продолжија со подобрата игра и во 30. минута добија пенал за прекршок против Барбра Банда. Жртвата беше таа што погоди од пенал и не погреши – 2:0 за Замбија! Нејзиниот гол испадна и јубилеен бидејќи беше гол број 1000 во историјата на женските светски првенства.