Connect with us

Фудбал

Замрзна теренот во Торшавн, одложен мечот Фарски Острови – Македонија

Квалификацискиот натпревар меѓу Фарски Острови и Северна Македонија за репрезентации до 21 година е одложен поради замрзнат терен на стадионот „Торсвулур“ во Торшавн.

Дуелот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство 2021 година требаше да се одигра попладнево од 18 часот, но условите на теренот не дозволуваат истиот да се одигра во предвидениот термин.

По состанокот меѓу делегатот на натпреварот, судиите и официјалните претставници на двете федерации потврдено е одложувањето на натпреварот, а пресметката меѓу двете селекции е презакажана за јуни, 2020 година.