Connect with us

Фудбал

Занети: Да покажеме дека сме подготвени за Скудето

Интер е лидер во Серие А со 42 бода, а исто толку има и Јувентус. Малкумина веруваа дека „Нероаѕурите“ ќе бидат на оваа позиција по летниот трансфер пазар, но сепак се чини дека најголемото засилување е Антонио Конте.

Тоа му е јасно на потпретседателот на Интер, Хавиер Занети. Иако, до пред извесно време сите во клубот велеа дека титулата не е цел оваа сезона, сепак Занети има друго мислење.

-Ова е важна година за нас. Со Антонио Конте отворивме ново поглавје во клубот. Сакаме на сите да им покажеме дека сме кандидати за титулата, вели Занети.