Connect with us

Фудбал

Заврши четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите

Заврши четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Веќе се познати првите тимови кои се квалификуваа во нокаут фазата. Во вторникот, ПСЖ и Баерн Минхен обезбедија пласман во 1/8 на финалето, додека синоќа од групата Ф пласиран е Манчестер Сити по победата против Наполи.

Нивниот фудбалер, Серхио Агуеро и официјално е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити. Аргентинецот постигна гол во победата од 4:2 против Наполи, достигнувајќи ја квотата од 178 гола во официјални натпревари за англискиот клуб. По импресивната победа против Реал Мадрид, Тотенхем обезбеди учество во нокаут фазата.

„Кралевите“ ќе бараат математичка квалификација во преостанатите две натпревари од групата Х, кога и ќе се одлучи од која позиција ќе тргне понатаму.