Connect with us

Други спортови

Заврши групната фаза на шампионатот за тенисерки во Сингапур

Со изненадувањето кое го приреди Елина Свитолина заврши првата фаза од ВТА шампионатот што се одржува во Сингапур. Иако остана без шанси за пласман во полуфиналето, Свитолина денеска ја победи Симона Халеп со 2-0 (6:3 и 6:4) и ја елиминира првата светска тенисерка уште по првата фаза.

– Го одиграв мојот најдобар меч на крајот од сезоната за мене. Играв слободно, без психолошки притисок. Одиграв тешка сезона која ја крунисав со учество во „ВТА шампионатот“, изјави Свитолина која 2017 година ја заврши со пет трофеи.

На другиот денешен натпревар Гарсија ја совлада Вознијацки со 2-1.

Табела Бела група: Плишкова 2-1 (победи-порази), Вилијамс 2-1, Мугуруза 1-2, Остапенко 1-2.

Табела Црвена група: Гарсија 2-1, Вознијацки 2-1, Свитолина 1-2, Халеп 1-2.

Во полуфиналето ќе играат:

Каролина Плишкова – Каролине Вознијацки и
Венус Вилијамс – Каролине Гарсија.