Connect with us

Кошарка

Заврши истрагата на терен, пронајдени телата на сите жртви во несреќата во која настрада Коби Брајант

Телата на деветте лица кои го загубија животот при падот на хеликоптерот на поранешниот НБА кошаркар, Коби Брајант се извлечени, јавија американските медиуми.

Три тела беа извадени од остатоците во неделата, а останатите шест доцна синоќа.

– Остатоците се земени од местото на несреќата и се однесени во центарот за судско испитување на одделот, соопшти локалната полиција на Лос Анџелес.

Инспекторите работат на местото на настанот целосно да ги разберат причините за трагичниот инцидент.