Connect with us

Фудбал

Зема плата во Шпанија, сега бара да и го одземат Мундијалот: Мора да разберете што значат тие навреди…

Винисиус Жуниор, ѕвездата на Реал Мадрид, згрозен од расизмот во Шпанија, апелираше на таа земја да и се одземе организацијата на Светското првенство во 2030 година доколку ништо не се промени. Тој прилично ги изненади сите во Шпанија со тоа.

Бразилецот често е на удар на расистички извици од трибините на натпреварите во Примера, тој во неколку наврати бараше драстични постапки од судиите и постојано го актуелизираше ова прашање. Сега отиде чекор подалеку и барадрастично да се казни државата каде што зема плата.

– Доколку ситуацијата со расизмот не се подобри брзо пред 2030 година, Светското првенство би морало да се пресели на друга локација – изјави Винисиус за Си-Ен-Ен.

Со тоа „даде“ рок од шест години.

– Има многу простор за промени. Се надевам дека Шпанија може да оди напред и да сфати колку е сериозно да се навредува личност поради бојата на кожата. Ако работите не се сменат до 2030 година, мора да го смениме местото на Светското првенство бидејќи ако некој играч не се чувствува безбедно или удобно да игра во некоја земја, тоа ќе стане многу комплицирано.

Тој се понуди да помогне во таа борба.

– Сакам да направам работите да се променат што е можно побрзо. Во Шпанија има многу луѓе кои не се расисти, а мала група влијае на имиџот на земја во која е убаво да се живее – заклучил Винисиус.