Connect with us

SPORTM.mk

Жената која го создаде најсилниот тим во Формула 1: „Три недели се подготвувам за трка, спремна сум на се“

Ред Бул и оваа година покажува доминација во Формула 1.

Иако многумина видоа конкуренција во Ферари, по унгарското ГП се чини дека сезоната полека се кристализира.

Со одлична тактика низ боксот, Макс Верстапен стигна до нова победа и направи голема предност пред Шарл Леклер.

Ред Бул со години е меѓу најсилните тимови во Формула 1. Најголем дел од успехот е врзан за првиот човек на тимот, Кристијан Хорнер, но зад неверојатната тактика во Ред Бул и совршенството низ боксот, се крие дама.

Не ја гледате многу често пред камери, таа е во сенка на машките колеги, но таа го извршува лавовскиот дел од работата за Верстапен и Перез.

Станува збор за Хана Шмиц, која е задолжена за комуникација со возачот и боксот во Ред Бул, а задолжена е и за стратегии на трките. Шмиц е главен инженер за стратегии, што е една од најодговорните функции во Ф1 тимот.

Видовме како госпоѓа Шмиц си ја врши работата оваа сезона, кога Ред Бул тактички ги уништи противниците на неколку трки.

„Верувајте ми, се подготвувам за секоја трка три недели претходно. Одвојувам време, понекогаш страда моето семејство, но едноставно сакам да бидам максимално фокусиран во работата. Тешко е кога си жена во „машка“. работа, но верувајте, сè е можно кога нешто работите со љубов“, рече Шмиц и додаде:

„Можете да се потпрете на илјадници симулации, но мора да ја подготвите секоја трка и стратегија во вашата глава. Секоја промена на брзината, свиокот, лоша траекторија, сето тоа влијае на боксот, стратегијата, промената. Мора да бидете подготвени за се, тоа е таква работа. Мора да реагираш во секунда, а пред тоа имаш спремни повеќе опции“.

На трката за ГН на Унгарија, Хана Шмиц го „турна“ Верстапен од деветтата позиција до нов триумф со советите и комуникацијата.

„Таа е нашиот чист ум“, изјави Верстапен по уште еден триумф.

За време на трката, возачите ги слушаат нејзините совети, секој дел од асфалтот на патеката е важен, особено сопирањето на свиоците, истрошеноста на гумите.

Шмиц не дава интервјуа, не се занесува премногу, скромна е, но тимот е многу благодарен за се што прави.

Многумина кажуваат дека жената е креаторот на најсилниот тим во историјата на Формула 1.