Фудбал
Жесус: Демебеле не е на рамниште на Нејмар
Тренерот на Спортинг Лисабон, Жорге Жесус изјави дека Барселона не најде соодветна замена за Нејмар. Зборувајќи за засилувања на Каталонците во летниот преоден рок Жесус меѓу другото, рече дека управата на Барселона направила грешка со продажба на Нејмар.
Според него, Осман Дембеле не е на нивото на Нејмар.
– Нејмар е еден од најдобрите фудбалери на светот. Дембеле не е ист како Нејмар Тој е добар играч, но не и творец. Не смеете да допуштите играч Нејмар да си оди, Барселона е посиромашна без него, истакна Португалецот.
Спортинг и Барселона вечер ќе се сретнат во Лисабон, во 2.коло од групната фаза на Лигата. Жесус со оптимизам го очекува дуелот.
– Триото Суарез-Нејмар-Меси не даваше практично никакви шанси на противниците. Без Бразилецот ќе имаме еден проблем помалку и затоа сме убедени дека можеме до бодови, заклучи тренерот на Спортинг за кога настапува и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.