Фудбал
Жиру: Бев близу до трансфер во Италија
Лондон, 7 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру, беше пред трансфер во италијанската Серија „А“ за време на летниот преоден рок.
Јувентус, Интер и Лацио беа заинтересирани за Французинот.
– Не размислувам за враќање во Франција. Сакам да играм на највисоко ниво во Европа уште 2-3 години, а потоа ќе можам да се преселам во МЛС. Бев близу до трансфер во Серија „А“, каде што ценат искусни играчи како мене, но трансферот во Италија не успеа, рече Жиру, цитиран од РМЦ.