Фудбал
Жиру доби нов договор
Францускиот центарфор Оливие Жиру го продолжи договорот со Милан на уште една година.
Искусниот напаѓач одигра витална улога во преминот на Росонерите во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој го постигна водечкиот гол за шампионот на Италија, трасирајќи го патот до конечниот триумф. И успеа да го направи тоа откако го промаши пеналот. Нов договор дојде како награда.
Official Statement: @_OlivierGiroud_ ➡ https://t.co/HA1zJQodng
Comunicato Ufficiale: Olivier Giroud ➡ https://t.co/t4E2Quogmc
#SempreMilan pic.twitter.com/8ImjfFiQzN— AC Milan (@acmilan) April 19, 2023
Новиот договор ќе трае до 2024. Сезонава на 38 натпревари во сите натпреварувања постигна 13 гола со шест асистенции. Во Милан е од 2021 година и на вкупно 76 натпревари постигна 27 гола со 10 асистенции.