Connect with us

Фудбал

Животот пред кариерата, српски фудбалер се пензионираше на 26 години, откако имаше два удари за време на натпревар

Драгиша Гудељ, 26-годишниот фудбалер од шпанскиот второлигаш Кордоба, објави дека по препорака на лекарот ја завршил кариерата по два срцеви удари на теренот. На помалиот брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ му застана срцето минатата година додека ги играше натпреварите против Ферол и Мелиља. Првиот срцев удар Гудељ го доживеа на 26 март во 11. минута од натпреварот против Ферол, кога на теренот му беше укажана лекарска помош дури седум минути.

Гудељ успешно се опорави и доби дозвола да продолжи да игра, а на 3 декември повторно колабира на теренот во 28. минута од натпреварот против Мелиља. Тој успеа повторно да се опорави, но овој пат лекарите му препорачаа да ја заврши кариерата и да престане да го ризикува животот, на што тој го послуша и објави дека ја завршил кариерата.