Фудбал
Жоао Феликс е во преговори со Ал-Хилал
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е во преговори да премине во Ал Хилал, тврди О Јого. Разговорите меѓу страните се одвиваат добро. Двата клуба се заинтересирани за комплетирање на зделката. Феликс е во Атлетико Мадрид од 2019 година.
Во вториот дел од сезоната 2022/23 играше како позајмен во Челзи . Во јули оваа година, фудбалерот изјави дека сонува да се пресели во Барселона . Сепак, на главниот тренер на Каталонците Чави не му се допаѓа трансфер опцијата на Феликс, пренесуваат шпанските медиуми.
Атлетико планира да заработи 100 милиони евра од продажбата на 23-годишниот Португалец.