Connect with us

Фудбал

„Жозе Мурињо ќе го преземе Бразил, ме замоли да му бидам помошник!“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил, изјави денеска поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Карлос Алберто, пренесува „Гол“.

Бразил моментално е без селектор, бидејќи Тите поднесе оставка по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство кое заврши на 18 декември во Катар.

Еден од кандидатите за нов тренер на „кариоките“ е Мурињо, кој одби да ја преземе португалската репрезентација, бидејќи има договор со Рома до јуни 2024 година.

„Ќе го кажам ова директно. Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил. Ова е веста што официјално ја објавувам. Мурињо ме замоли да му бидам помошник во стручниот штаб “, изјави Алберто за „Mundo GV“ подкаст.

Алберто (38) одигра пет натпревари за Бразил, а со Порто предводен од Мурињо од клупата ја освои Лигата на шампионите во 2004 година.