Connect with us

Ракомет

ЖРК Вардар гостува кај Ларвик во третото коло од ЛШ

Ракометарките на Вардар попладне од 17 часот гостуваат во Норвешка кај Ларвик во третата рунда од Лигата на шампионите. По триумфот во Германија кај Турингер за македонскиот шампион овој пат пречка до нова победа во елитното натпреварување ќе биде поранешниот европски шампион.

На второто од трите гостувања во рамките на Ц-групата отпатуваа 17 ракометарки, истиот состав што триумфираше и пред една недела кај Турингер.

Ларвик кој зад себе има една европска титула, две вице европски трофеи и последните две сезони стигнува до најдобрите осум во ЛШ, сега е пред голем предизвик поради смената на генерациите и целосно реновираниот тим. Вкупно 11 ракометарки заминаа од тимот или пак прекинаа со професионално играње ракомет. Нивните мета ги заземаа неискусни ракометарки, барем со меѓународни натпревари кои во иднина треба да продолжат по успешните стапки на тимот.

Засега тешко им оди на Норвежанките во ЛШ, па на првите две средби Ларвик загуби, дома од Турингер 27:31 и во гости кај ФТЦ, 33:37, за разлика од Вардар кој е со максимален број бодови.

Досегашниот биланс од меѓусебните средби е две победи за Вардар, една за Ларвик и едно реми.