Connect with us

Ракомет

ЖРК Вардар против ФТЦ во првото коло од ЛШ

Со натпреварот меѓу ЖРК Вардар и ФТЦ што се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје стартуваа новата сезона од женската ракометна Лига на шампионите. Македонскиот шампион и европски вице првак со променет состав во однос на лани има исти амбиции пласман во финалето на завршниот турнир и конечено триумф во финалниот натпревар. Лани во финалето ЖРК Вардар загуби од унгарски Ѓер 31-30 по продолжение.
Дуелот Вардар – ФТЦ е реприза на ланската сезона кога исто така на отворањето двете екипи одиграа нерешено во Скопје 27:27. Покрај овој дуел во групата Ц играат уште Ларвик и Турингер (сабота).

Распоред на натпреварите од 1.коло:
А група: Никобинг – Гдиња, Букурешт – Крим.
Б група: Ростов Дон – Брест, Ѓер – Митјиланд.
Д група: Будуќност – Битингем, Мец – Кристиансанд.