Connect with us

Други спортови

Жу најбрз на вториот ден од тестирањето во Бахреин

На вториот ден од тестирањето во Бахреин, кинескиот возач Гуанју Жу во Алфа Ромео беше најбрз.

Иако ова се само тестови, овој резултат секако може да биде добар поттик за Alfa Romeo. Жу извозе 132 круга, многу повеќе од второпласираниот Макс Верстапен (47) и постави време од 1:31.610.

Актуелниот светски шампион во Ред Бул беше побавен за само 40 илјадити делови од секундата. На третото место беше Фернандо Алонсо во Астон Мартин со 595 илјадитинки заостанување.

Во една секунда имаше уште четворица возачи Нико Хилкенберг во Хас, Карлос Саинц во Ферари и Логан Сарџент во Вилијамс.