Connect with us

Фудбал

Зидан го интересираше само една работа кога се поздравуваше со Еден Азар

Еден Азар по подолго време се врати на теренот. Играше во Шпанската примера, но и синоќа од прва минута против Интер каде Реал Мадрид славеше со 3:2.

Имено, Азар во 64 минута го напушти терено, се жалеше на повреда, а тренерот Зинедин Зидан го интересираше само едно кога се поздравуваше со него покрај аут линијата.

Зидан го прашал Белгиецот дали станува збор за нешто сериозно, а судејќи според тоа дека Азар беше разочаран се чини дека работите не се така наивни. Денеска тој треба да одработи дополнителни прегледи по што ќе се знае за што точно станува збор.