SPORTM.mk
Зидан го забрани името на еден фудбалер да се споменува во соблекувалната на Реал!
Зинедин Зидан претставува голем авторитет во Реал Мадрид и секој негов збор носи тежина.
Последните денови, Ерлинг Халанд многу се споменува како ново засилување на Реал, особено по гостувањето на Мина Раиола во шпанската престолнина.
Сепак, додека новинарите често го поврзуваа Норвежанецот со Кралевите на Зидан, тој забрани да се споменува името на Халанд.
„Уморен сум од приказната за Халанд“, рече Зидан.
Реал Мадрид се бори за титулата шпански шампион, Кралевите исто така се во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па веројатно затоа Зидан сака фокусот на неговите играчи да биде исклучиво на теренот.