Connect with us

Фудбал

Зидан го „жртвува“ Бејл за Габриел Жезус

Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Манчестер Сити Габриеч Жезус. Бразилецот се уште не може да се наметне во тимот на Сити, односно никако да стане стандарден првотимец. Пред извесно време најави дека е можно да ја промени средината.

Зинедин Зидан во него гледа идеална замена за Кристијано Роналдо и она што Португалецот знаечеше за Реал Мадрид.

Но, цената во моментов на Габриел е 100 милиони евра. Зидан планира освен пари, во евентуалниот трансфер да го влучи и Герет Бејл. Доколку Сити не биде заинтересиран за вакво нешто, тогаш Бејл ќе биде „жртвуван“ да се соберат пари за Габриел Жезус.