Поврзи се со нас

Фудбал

Зидан по високиот пораз од Валенсија: Ова веќе е болно!

Реал Мадрид доживеа висок пораз на гостувањето кај Валенсија од 4:1. Иако поведоа во 23-та минута преку Бензема, сепак со трите гола на Солер сите три од пенал и автоголот на Варан, доживеа убедлив пораз. Зидан очигледно разочаран.

-Ова е болен пораз затоа што навистина добро го почнавме натпреварот. Првиот половина час не беше лош, постигнавме гол. Но, по изедначувачкиот погодок се случи она што се случи. Што се однесува до трите пенали досудени против нас, судијата мора да води сметка за сето ова. Примивме три гола од белата точка и еден автогол. Ова е многу, изјави Зидан.

Ова беше втор пораз во сезоната за Реал, претходно дома загуби од Кадиз со 1:0. Во моментов „Кралевите“ се наоѓаат на четвртото место со 16 бодови. Лидер во моментов е Реал Сосиедад.

 

loading...

Facebook