Connect with us

Фудбал

Зидан: Раул еден ден ќе биде тренер на Реал Мадрид

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан смета дека легендарниот напаѓач на мадридскиот клуб Раул заслужува некогаш да го предводи „кралскиот клуб“.

Поранешната „седумка“ од Мадрид одигра 741 меч за Реал Мадрид, постигнувајќи 323 голови.

– Играв рамо до рамо со Раул. Тој одигра клучна улога во историјата на овој одличен клуб. Сигурен сум дека еден ден ќе стане главен тренер на Реал Мадрид, го цитира „АС“ Зидан кој зборуваше за 25-годишнината од дебито на Раул во Реал Мадрид.