Connect with us

Други спортови

Зимски младински Олимписки игри: Лазаревски на 56-то место

Мирко Лазаревски го освои 56-то место на Зимските Младински Олимписки игри Лозана 2020!

Трката ја завршија 57 скијачи од вкупно 63 кои се пријавија за супер-велеслаломот, а нашиот претставник ја помина трасата за 1:03.43 минути, што е за 8.87 секунди послабо време од победникот, Швеѓанецот Адам Хофштед.

Сребрениот медал го освои Рок Азнох (Словенија), а бронзата Лук Родит (Швајцарија).

Лазаревски утре од 10.30 часот ќе се натпреварува и во слалом, а тој е единствениот македонски претставник во алпско скијање на Зимските младински олимписки игри.