Connect with us

Фудбал

Златан се уште е во шок бидејќи Јунајтед му симна фунта од платата: „Сите мислат дека тоа е голем клуб“

Славниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (40) не го памети по добро престојот во Манчестер Јунајтед.

Ибра од 2016 до 2018 година го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ и на 53 одиграни натпревари постигна 29 гола.

Сепак, Златан остана разочаран од случувањата надвор од теренот. Излегува дека клубот не е онаков каков што многумина го замислуваат. Книгата „Адреналин“ откри што мисли Ибрахимовиќ за великанот од „Олд Трафорд“.

„Сите мислат дека Јунајтед е врвен клуб, еден од најбогатите и најмоќните во светот. Така ми изгледаше однадвор, но кога стигнав таму открив мал, затворен менталитет“.

Тој потоа откри дека клубот му одзел 1 фунта од платата затоа што испил сок во хотел пред натпревар на гости.

„Бев во хотелот пред натпреварот и бев жеден. Се послужив со еден овошен сок од мини барот. По натпреварот отидовме дома, а потоа добив известување дека трошам пари“.

„Обично не обрнувам внимание, гледам само на крајот што заработив и што потрошив, но во тој момент, не знам зошто, бев љубопитен и тогаш сфатив дека ми одземаат фунта од месечниот плата“.

„Го повикав менаџерот на тимот. Го прашав зошто ми ја одземале фунтата од платата. Тој ми рече дека тоа е поради сокот што го испив. Не можев да верувам. Ми рече дека ако сакаш да испиеш нешто, тоа сам си го плаќаш. Добро, но јас не барав да бидам во хотел, ниту бев на одмор, тоа беше моето работно место, бев таму за Манчестер. Морам да пијам нешто ако сум жеден, не сакам да излезам на терен дехидриран“.

„Можете ли да верувате? Ми симнаа фунта од платата. Во Италија такво нешто никогаш не би се случило. Тоа се оредени мали работи кои ја прават разликата и со кое се заработува почит кај играчот“.

„Секој ден кога доаѓав на тренинг ми бараа пропусница. Го спуштав прозорецот од автомобилот и му кажував на момчето на влезот. ‘Слушај пријателе, доаѓам овде со месеци, јас сум најдобриот играч во светот и ако сè уште не ме препознаваш, тогаш сменете ја работата’“, открива Златан Ибрахимовиќ.