Connect with us

Фудбал

Златна топка – Сите награди одат во Мадрид и Барселона?

Најважните награди на вечерашната церемонија во Париз одат во Мадрид и Барселона, тврди добро информираната шпанска „Марка“.

Златната топка, највисоката индивидуална награда во светот на фудбалот, ќе ја добие Французинот Карим Бензема, играч на Реал и предводник на тимот кој минатата сезона ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига, пишува „Марка“.

За најдобар млад играч ќе биде прогласен талентот на Барселона, Пабло Мартин Паес Гавира, попознат како Гави, кој ќе ја добие наградата „Рајмонд Копа“ која го носи името на легендарниот француски голгетер.

Тибо Куртоа од Реал Мадрид ќе биде прогласен за најдобар голман на кого му припаѓа трофејот „Лав Јашин“ во чест на големиот руски голман.

И на крајот Златната топка во женска конкуренција ќе и биде доделена на фудбалерката на Барселона, Алексија Путелас, тврди „Марка“, иако во овој случај има знак прашалник, бидејќи поради повреда го пропушти Европското првенство. Путељас е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите.

Доделувањето на наградите ќе се одржи вечерва во 20:00 часот на церемонија во театарот Шателе во Париз.